• сабота, 13 јули 2024

Библиотеките од Кавадарци и Гевгелија потпишаа меморандум за соработка

Библиотеките од Кавадарци и Гевгелија потпишаа меморандум за соработка
Кавадарци, 18 октомври 2022 (МИА) - Библиотеките од Кавадарци и Гевгелија потпишаа меморандум за соработка, информираше денеска директор на кавадаречката градска библиотека ,,Феткин", Петар Гурев. - Денеска во Гевгелија, јас како директор на ЈОУ Библиотека „Феткин“ - Кавадарци и директорот на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија, Стефан Марковски, потпишавме меморандум за соработка помеѓу двете институции. Целта на овој меморандум е подобрување на билатералната соработка меѓу овие две институции во областа на библиотечното работење и унапредување на библиотекарството во нашата држава, соопшти Гурев. Двајцата директори размениле искуства за добри практики од институциите и договориле реализација на заеднички проекти до крајот на годината. свд/сп/

Остани поврзан