• недела, 22 декември 2024

Би-Би-Си: Поддржувачите на Трамп користат лажни фотографии за да ги поттикнат Афроамериканците да гласаат за републиканците

Би-Би-Си: Поддржувачите на Трамп користат лажни фотографии за да ги поттикнат Афроамериканците да гласаат за републиканците

Лондон, 4 март 2024 (МИА) - Поддржувачите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп користат вештачка интелигенција за да генерираат лажни слики на црни гласачи кои наводно го поддржуваат Трамп и ги споделуваат тие фотографии на мрежи за да ги охрабрат Афроамериканците да гласаат за републиканците на претстојните претседателски избори, пишува Би-Би-Си.

Медиумот посочува дека открил десетици лажни фотографии на кои се гледа како Афроамериканците му даваат поддршка на поранешниот претседател, но додава дека засега нема докази кои директно ги поврзуваат сликите со кампањата на Трамп.

Ко-основачот на Black Voters Matter, група која ги поттикнува црнците во САД да гласаат, соопшти дека лажните фотографии на Трамп опкружен со поддржувачи од афро-американската заедница поттикнуваат „стратешки наратив“ дизајниран да покаже дека Трамп е популарен во црнечката заедница.

Сликите генерирани со вештачка интелигенција откриени од Би-Би-Си се чини дека се создадени и споделени од гласачи, поддржувачи на републиканците, а меѓу нив е и Марк Кеј и неговиот тим кои водат радио емисија на конзервативна радио станица во Флорида.

Тие креирале фотографија од насмеан Трамп опкружен со Афроамериканци, која ја споделија на Фејсбук профилот на Марк Кеј, кој има повеќе од милион следачи.ссм/

 

Остани поврзан