• недела, 22 декември 2024

Би-Би-Си: Лидс му понуди нов договор на Алиоски

Би-Би-Си: Лидс му понуди нов договор на Алиоски
Лидс, 28 мај 2021 (МИА) – Македонскиот фудбалски репрезентативец, Езѓан Алиоски, има понуда од премиерлигашот Лидс да потпише продолжување на договорот што му истекува ова лето, јави синоќа британскиот сервис Би-Би-Си. Алиоски дојде во Лидс од редовите на швајцарски Лугано во 2019 година, а во првата сезона на клубот од Јоркшир, во Премиер лигата, по пауза од 16 години, одигра 29 натпревари и постигна два гола. Македонскиот репрезентативец го засили Лидс како крилен напаѓач, но, под водство на тренерот Марсело Биелса најчесто играше на левата бековска позиција. Според британските медиуми, доколку Алиоски остане во клубот, Биелса повторно би сметал на него како крилен напаѓач, бидејќи Лидс во летниот преоден рок ќе настојува да се засили со класичен лев бек. Лидс на таа позиција ќе се обиде да го донесе дефанзивецот на францускиот прволигаш Брест, Ромејн Перуд. Турските медиуми неодамна објавија дека интерес за Алиоски покажува и екипата на Галатасарај. ег/ар/ 

Остани поврзан