• понеделник, 23 декември 2024

Беџети од „Европскиот фронт“: Законот за реорганизација на министерствата не сме го виделе, ќе дадеме став кога ќе го разгледаме

Беџети од „Европскиот фронт“: Законот за реорганизација на министерствата не сме го виделе, ќе дадеме став кога ќе го разгледаме

Скопје, 3 јуни 2024 (МИА) - Пратеникот на Коалицијата „Европски фронт“, Блерим Беџети во изјава за медиумите во Собранието нагласи дека законските измени поврзани за реорганизацијата на министерствата уште не стигнале до нив и потенцира дека ќе дадат конкретен став откако ќе ги видат и разгледат.

-Во однос на предлог законот што се потребно двотретинско мнозинство, ние не сме го виделе се уште тој закон. Кога ќе го  разгледаме, кога ќе стигне до кај нас ќе дадеме конкретни мислења и ставови. Ние не сме го разгледале, но факт е дека имаме и друг контекст, односно многу освен и начелен политички контекст каде што не се почитува волјата на мнозинството гласачи на Албанците и на другите етнички заедници, односно турската, бошњачката и ромската заедница кои се дел од „Европскиот форнт“ и нормално како нелегитимна, рече Беџети.

Тој истакна дека по тоа што го слушале, овие законски измени ќе му служат само на ВМРО-ДПМНЕ.

-Но, тоа што слушаме, тоа му служи само на ВМРО-ДПМНЕ во нивната предизборна програма. И продолжуваат во некоку институции кој што очигледно ќе ги водат нелегитимните претставници на Албанците во владата каде што им се одземаат надлежностите и со тоа фактички уште во самиот старт се докажува дека без легитимитет секој може да си поигра како сака со ресорите и со надлежностите во ресорите, рече Беџети.

Тој соопшти дека понатаму ќе дејствува како пратеник, а не како градоначалник.

-Јас во јавноста имам информирано дека дејствувам како пратеник. Не можам истовремено да бидам и пратеник и градоначалник. И стојам пред вас во функција на пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, рече Беџети.

Најави дека нивната коалиција во наредните денови ќе има активности во правец на, како што рече, одбрана на легитимитетот на гласачите Албанци.

-Рамковниот договор е многу значаен и многу битен за сите етнички заедници во државата и затоа ние уште вчера како прв чекор, а ќе следуваат и многу други чекори во одбрана на легитимитетот на еден главен столб во демократијата. Нормално дека ќе има и други активности во овој правец за бранење на легитимитетот, каде што би имале смисла демократијата и гласањето, бидејќи ние сме организирани како етнички политички партии. Ние веќе се обративме со декларацијата и ќе продлжиме и во иднина и во наредниот период што е пред нас со други активности во одбрана на легитимитетот, рече Беџети.фф/са/

Фото: МИА

Остани поврзан