• сабота, 18 мај 2024

Бејтулаи: Да ја победиме Мура во Скопје за помирен реванш 

Бејтулаи: Да ја победиме Мура во Скопје за помирен реванш 
Скопје, 5 јули 2021 (МИА) - Победнички старт на новата сезона во Лигата на шампиони, најави капитенот на македонскиот првак Шкендија, Егзон Бејтулаи, спроти утрешниот прв натпревар од првото квалификациско коло против словенечкиот тим Мура на Националната арена во Скопје со почеток од 20 часот. Бејтулаи на вечерашната прес-конференција истакна дека словенечкиот тим е квалитетен состав, но оти Шкендија влегува во натпреварот со амбиции со победа да патува на реваншот по една недела во Мурска Собота. -Мура поседува свои квалитети и не е тим за потценување. Во своите редови имаат одлични индивидуалци, но не се непобедливи. Утре одиме да победиме пред своите навивачи и да обезбедиме помирен реванш, изјави Бејтулаи. Десниот бек на Шкендија и на македонската репрезентација најави дека тетовската екипа сезонава влегува со високи амбиции во фудбалска Европа. -Сакаме оваа година да стигнеме што подалеку во Европа, а моја лична желба и на целата екипа е да играме во групната фаза на ЛШ, додаде Бејтулаи. ег/аа/

Остани поврзан