• понеделник, 23 декември 2024

Бејл повторно го напушти стадионот без да го дочека крајот на натпреварот на Реал

Бејл повторно го напушти стадионот без да го дочека крајот на натпреварот на Реал
Мадрид, 18 јануари 2020 (МИА) – Фудбалерот на Реал, Герет Бејл уште еднаш го напушти стадионот, без да го чека крајот на натпреварот на неговиот клуб. Во 20. коло од Ла Лига, екипата на Реал ја совлада Севиља на „Сантијаго Бернабеу“ со 2:1. Триесет годишниот Велшанец, кој не беше во составот на Зинедин Зидан, го напушти стадионот во 82. минута. Играчот не беше на списокот поради повреда. Оваа сезона Бејл веќе го напушти натпреварот на Реал Мадрид најмалку четири пати пред последниот свиреж: во последното коло против Еспањол (2:0), против Леганес (5:0), Бетис (0:0) и Галатасарај (6:0). Според клупските правила, на играчите не им е дозволено да го напуштат стадионот пред 80. минута од натпреварот. зс/

Остани поврзан