• понеделник, 01 јули 2024

Бешикташ преговара со Солскјер за нов тренер

Бешикташ преговара со Солскјер за нов тренер

Истанбул, 23 декември 2023 (МИА) – Двата последователни порази во турското фудбалско првенство од Фенербахче и Анталија, од по 3-1, донесоа бура од незадоволство во раководството на Бешикташ што резултираше со отказ за тренерот Риза Калимбај.

Турските медиуми јавија денеска дека тимот на дуелот против Хатај на гостински терен в понеделник во рамки на 18 коло ќе го предводи некој од помошниците, а клупското раководство е во преговори со норвешкиот стратег Оле Гунар Солскјер за наследник на Калимбај.

Според истите извори, Бешикташ му нуди на Солскјер договор на 18 месеци.

Солскјер е без тренерски ангажман од ноември 2021 година кога беше отпуштен од должноста во Манчестер јунајтед, клубот каде остави длабока трага како фудбалер. ег/паг/

Фото: Икс

Остани поврзан