• недела, 22 декември 2024

Бесплатни превентивни гинеколошки прегледи во општина Зрновци

Бесплатни превентивни гинеколошки прегледи во општина Зрновци

Кочани, 14 октомври 2024 (МИА) – Општина Зрновци во соработка со Општинската организација на Црвен крст – Кочани до краот на овој месец ќе реализира бесплатни гинеколошки прегледи, во кои ќе бидат опфатени бесплатен ПАП-тест и абдоминален ехо преглед за жени.

Се работи за активности во процесот на превенција и рана дијагноза на рак на грлото на матката кај жените, а прегледите ќе ги спроведува медицински тим на гинеколози од Скопје. 

-Мобилната гинеколошка амбуланта во којашто ќе се спроведуваат прегледите ќе почне со работа од утре, 15 октомври. Ќе работи во периодот од 10 до 13 часот, во Венчалната сала во Зрновци. Заинтересираните жени за бесплатен преглед може да се пријават и да се информираат на телефонот 078/397-019. Сите пријавени дополнително ќе бидат известени за датумот и времето во кое треба да се јават за преглед, истакна градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев.

Бесплатните гинеколошки прегледи ќе се реализираат во соработка со Министерството за здравство, Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје и Македонската асоцијација на гинеколози и опстетичари - МАГО. Поддршката ја обезбедува Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА. та/мд/

фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан