• петок, 29 март 2024

Бесими: При глобално затегнати финансиски услови, преговараме со Светска банка за обезбедување поволни средства за развојни политики

Бесими: При глобално затегнати финансиски услови, преговараме со Светска банка за обезбедување поволни средства за развојни политики

Скопје, 14 април 2023 (МИА) - Во преговори сме со Светската банка за обезбедување на финансиски средства преку инструментот ДПЛ, или заем за развојни политики, најави министерот за финансии Фатмир Бесими, кој учествува на Пролетните средби на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд.

Со ова, како што рече во изјава за „Сител“, во домашната економија ќе се внесе свеж капитал по исклучително ниски каматни стапки, какви што имаат развојните инструменти на меѓународните финансиски институции, што е од големо значење имајќи го во предвид затегнувањето на финансиските услови на меѓународните пазари, поради што цената на капиталот расте.Еден од начините за прудентно управување на долгот и фискална консолидација, додаде, е и финансирање на дефицитот и рефинансирање на старите долгови по пониски трошоци, односно по пониски каматни стапки. Во таа насока Министерството за финансии оптимално управува со портофолиото и по однос на трошок за сервисирање на заемите и по однос на рочност, а со цел да се обезбеди одржливост во сервисирањето на обврските. Во оваа насока е и двегодишниот ПЛЛ аранжман со ММФ кој нашата земја го потпиша минатата година, а кој се доделува исклучиво на држави со здрави економски фундаменти, кои спроведуваат и се очекува и во иднина да спроведуваат здрави економски политики.-Дополнителен ефект на ПЛЛ програмата е што таа овозможува преговарање за нови програми со поволни услови за поддршка на политики и реформи. Една од нив е макрофинансиска поддршка од 100 милиони евра која е веќе одобрена со ЕК, како и преговорите со Светска банка за ДПЛ, истакна министерот Бесими.Во однос на очекувањата за остварувањата во економијата за годинава, посочи дека реализацијата на приходите во буџетот, економската активност и другите економски индикатори укажуваат дека втората половина од 2023 година ќе биде поуспешна. вј/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан