Бесент: САД и Кина мора да ги намалат тензиите пред да ги продолжат трговските преговори
- САД и Кина мора да ги намалат тензиите пред да можат да ги продолжат трговските преговори, изјави денеска американскиот министер за финансии Скот Бесент.
Вашингтон, 7 мај 2025 (МИА) - САД и Кина мора да ги намалат тензиите пред да можат да ги продолжат трговските преговори, изјави денеска американскиот министер за финансии Скот Бесент.
„Мојот впечаток е дека ова ќе се однесува на деескалација, а не за голем трговски договор, но мора да деескалираме пред да можеме да продолжиме напред“, изјави Бесент за Фокс њуз.
Тој рече дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп не сака да ја запре трговијата со Кина со текстил и други слични стоки, но е одлучна да го врати производството на стратешки индустрии како што се полупроводници, лекови и челик во САД. рп/
Фото: ЕПА