• понеделник, 23 декември 2024

БЕСА: Функционери на ДУИ вршат притисок врз гласачите

БЕСА: Функционери на ДУИ вршат притисок врз гласачите
Скопје, 28 јуни 2020 (МИА) - Движењето БЕСА соопшти дека имаат сознанија оти некои функционери на ДУИ почнале да вршат притисок врз гласачите. - Некои функционери на ДУИ вршат притисок и им се закануваат на гласачите со веќе познатата фраза во овие 18 години: „ќе видите по изборите“. Апелираме до вработените во администрацијата, наставниците, професорите, лекарите, невладините организации, сите други на кои може да им се закани ДУИ, воопшто не се плашат затоа што ДУИ ја изгуби силата, а ќе ја изгуби и власта по 15 јули. Помина времето кога можеа да им се упатуваат закани на интелектуалци и професионалци. Даваме гаранции дека со следната влада секој ќе се чувствува безбедно на своето работно место, велат од Движењето БЕСА.ев/са/

Остани поврзан