Берово е подготвено за Новогодишните и Божиќните празници
- Берово е подготвено за Дочек на Новата година и претстојните празници. За таа цел како што информираше градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски поставено е новогодишно украсување со нови новогодишни и светлечки реквизити.
Берово, 19 декември 2024 (МИА) - Берово е подготвено за Дочек на Новата година и претстојните празници. За таа цел како што информираше градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски поставено е новогодишно украсување со нови новогодишни и светлечки реквизити.
-Украсено е централното градско подрачје и главната улица, на влезот во Берово. Светлечки украси се поставени на градскиот плоштад, поставен е и светлечки тунел, а неизоставен дел од новогодишниот амбиент е новогодишната елка, која го краси плоштадот во Берово. Со сите новогодишни реквизити, Берово, е подготвено да ги пречека претстојните празници и да биде блескав град за своите жители и сјаен домаќин за туристите, за дочекот на Новата 2025 година, истакна Пекевски.
Украсувањето на Берово како туристичко место, според првиот човек на градот ќе донесе позитивен бран за сите граѓани и посетители за време на празниците.
-Особено радост ќе им донесе на децата, можност, секој да ја почувствува новогодишната магија и да ужива во прекрасниот новогодишен амбиент на нашето најубаво Берово, додаде Пекевски.
Украсувањето на Берово, е овозможено со средства од Буџетот на Општина Берово. Дополнително, украсувањето е надополнето со елка, која финансиски е поддржана од членовите на Советот на Општина Берово, а организирана од страна на Здружение на угостители и туристички работници ,,Малешевски Еснафи”, преку Неформалнотo тело „Колеџ на заедницата”. вс/сст/
Фото: МИА