• петок, 10 мај 2024

Бернар Арно, најбогат на светот според Форбс

Бернар Арно, најбогат на светот според Форбс

Њујорк, 26 јануари 2024 (МИА) – Французинот Бернар Арно, претседател и извршен директор на глобалната компанија за луксузни стоки LVMH (Louis Vuitton Moet Hennessy) е најбогатиот човек во светот, откако го презеде првото место од американскиот претприемач Илон Маск, се наведува на веб-страницата на магазинот Форбс.

Според Форбс, богатството на Арно пораснало за 23,6 милијарди американски долари и моментално се проценува на 207,8 милијарди долари.

Илон Маск падна на второто место со неговите компании Tesla и SpaceX кои му помогнаа да оствари нето вредност од 204,5 милијарди долари. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан