• понеделник, 23 декември 2024

„Берлинале“: Грчката плажа Хилиаду - најдобра европска филмска локација за 2022 година

„Берлинале“: Грчката плажа Хилиаду - најдобра европска филмска локација за 2022 година

Берлин, 20 февруари 2023 (МИА) - Наградата за најдобра европска филмска локација за 2022 година, објавена на 73. Филмски фестивал „Берлинале“, ја доби грчката плажа Хилијаду на островот Евијa. Токму таму се снимал филмот „Tриаголник на тагата“ на шведскиот режисер Рубен Јостлунд.

Наградата ја доделува Мрежата на Европската филмска комисија (ЕУФЦН). Победникот се одредува со интернет-гласање на публиката.

Грчкиот филмски центар, којшто го предложи филмот на конкурсот, им се заблагодари на сите што учествуваа во гласањето. Тоа почна во ноември лани. Останатите четири филмски локации беа номинирани од Велика Британија, Швајцарија, Германија и Хрватска.  си/

Остани поврзан