• сабота, 23 ноември 2024

Бергвајн ја напушти репрезентацијата на Холандија поради лоша физичка форма

Бергвајн ја напушти репрезентацијата на Холандија поради лоша физичка форма
Амстердам, 10 ноември 2020 (МИА) - Напаѓачот на Тотенхем, Стивен Бергвајн ја напушти локацијата на холандската репрезентација, се вели во официјалната веб-страница на националниот тим. Дваесет и тригодишниот напаѓач покажа лоша физичка состојба, па главниот тренер на тимот Франк Де Бур го испрати играчот во Лондон. Холанѓаните овој месец ќе играат пријателски натпревар против Шпанија, а исто така ќе играат во Лигата на нации со Босна и Херцеговина и Полска. Во тековната сезона, Бергвајн одигра 10 натпревари на сите натпреварувања. зс/

Остани поврзан