• петок, 22 ноември 2024

Бергвајн му се налути на Куман: Нема да настапувам за Холандија додека тој е селектор

Бергвајн му се налути на Куман: Нема да настапувам за Холандија додека тој е селектор

Амстердам, 6 септември 2024 (МИА) - Напаѓачот Стивен Бергвајн му возврати на селекторот на холандската репрезентација Роналд Куман, кој му ја затвори вратата за националниот тим поради неговиот трансфер во Саудиска Арабија.

Дваесет и шест годишниот Бергвајн беше обвинет од страна на Куман дека нема „спортска амбиција“ откако го напушти Ајакс за да му се приклучи на Ал-Итихад во понеделникот и рече дека нема да го повика во националниот тим.

Бергвајн, кој играше за репрезентацијата на Холандија од 2018 година и беше дел од тимот на Европското првенство летото, ги слушнал коментарите на Куман дадени на прес-конференција во вторникот на телевизија и не криеше дека е повреден од нив.

-Фудбалерите не треба да се третираат вака. Отсекогаш сум сметал дека е чест да играм за репрезентацијата на Холандија, но повеќе не го сакам тоа под овој тренер. Завршив со некој кој намерно ме опишува така пред медиумите, изјави фудбалерот за холандскиот весник „Де Телеграф“.

Бергвајн додаде дека е разочаран од Роналд Куман, кој не разговарал прво со него и не сака повеќе да игра под него.

Куман го именуваше Бергвајн во стартната постава за осминафиналето и полуфиналето на ЕП 2024, а поранешниот напаѓач на Тотенхем стартуваше и против Аргентина во четвртфиналето на Светското првенство во Катар кога Холандија беше предводена од Луис ван Гал. 

Холандија сега се соочува со Босна и Херцеговина во сабота и Германија во вторник во Лигата на нациите. дс

Фото: Архива

Остани поврзан