• среда, 25 декември 2024

Бербок пристигна во официјална посета на БиХ

Бербок пристигна во официјална посета на БиХ

Бања Лука, 4 март 2024 (МИА) – Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок вечерва пристигна во официјална посета на Босна и Херцеговина.

По пристигнувањето во Сараево, таа се сретна со членовите на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, Жељко Цвијановиќ и Денис Беќировиќ.

Најавена е и средба со високиот претставник во Босна и Херцеговина Кристијан Шмит.

Пред посетата на Црна Гора и Босна и Херцеговина, Бербок изјави дека земјите од Западен Балкан се нераскинлив дел од Европа и оти е геополитички неопходно да се поддржат сите земји од регионот на патот кон ЕУ, за да се спречи Русија да не го искористи овој простор за свое влијание. јт/

Фото: ДПА

Остани поврзан