• недела, 22 декември 2024

Бербок го повика Азербејџан да дозволи меѓународни набљудувачи во Нагорно Карабах

Бербок го повика Азербејџан да дозволи меѓународни набљудувачи во Нагорно Карабах

Берлин, 27 септември 2023 (МИА) - Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок го повика Азербејџан да им дозволи на меѓународните набљудувачи да влезат во сепаратистичкиот регион Нагорно Карабах, јавија британските медиуми.

Азербејџан минатата недела почна молскавична операција за враќање на контролата врз претежно ерменскиот регион. Како резултат на тоа, илјадници етнички Ерменци ги напуштија своите домови.

„Повторно решив значително да ја зголемам нашата хуманитарна помош, како и нашето дополнително финансирање за Меѓународниот комитет на Црвениот крст од два на пет милиони евра“, објави шефицата на германската дипломатија. сд/

фото:МИА архива

 

Остани поврзан