• петок, 07 февруари 2025

Бен Симонс: Се сметам себеси за најдобар дефанзивен играч во НБА

Бен Симонс: Се сметам себеси за најдобар дефанзивен играч во НБА
Филаделфија, 12 февруари 2021 (МИА) – Кошаркарот на Филаделфија, Бен Симонс по натпреварот против Портланд (114:118) го именуваше своето место во хиерархијата на водечките специјалисти за одбрана на НБА. - Се сметам себеси за најдобар дефанзивен играч во НБА, изјави Симонс. Во четвртокот, дефанзивната способност на Австралиецот ја забележа стручњакот Кендрик Перкинс: „Одбраната на Бен Симонс, тоа е просто друго ниво“. На средбата со Блејзерс, на Симонс му недостасуваше една асистенција за трипл-дабл - 23 поени, 11 скока и 9 асистенции. Австралиецот реализира 10 од 12 удари од поле. зс/

Остани поврзан