• среда, 17 јули 2024

Бенфика работи на трансфер на Кавани

Бенфика работи на трансфер на Кавани
Лисабон, 9 август 2020 (МИА) - Поранешниот напаѓач на Пари Сен-Жермен, Единсон Кавани е интересен за Бенфика, потврди тренерот на португалскиот клуб Жорже Жезус. - Претседателот на клубот прави сè за да се случи овој трансфер, изјави Жезус за клупската телевизија. Тренерот истакна дека трансферот на 33-годишниот напаѓач не е лесен од финансиски аспект. Во ПСЖ, Уругваецот заработуваше 12 милиони евра годишно. Минатата сезона, Кавани во Лига 1 постигна четири гола на 14 натпревари. зс/

Остани поврзан