• среда, 17 јули 2024

Бенфика оствари прелиминарни разговори со Ди Марија

Бенфика оствари прелиминарни разговори со Ди Марија
Париз, 14 март 2022 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на ПСЖ, Анхел Ди Марија би можел да ја продолжи кариерата во Бенфика. Клубот од Лисабон веќе стапил во контакт со 34-годишниот Аргентинец за можен трансфер, објави „Record“. Претходно се дозна дека парискиот клуб нема да го продолжи договорот со крилниот напаѓач кој истекува на лето. Ди Марија веќе играше за Бенфика од 2007 до 2010 година, по што се пресели во Реал Мадрид за 33 милиони евра. Четири години подоцна, играчот од средниот ред кариерата ја продолжи во Манчестер јунајтед, а една година подоцна заврши во ПСЖ. Износот на трансферот на играчот во главниот град на Франција тогаш изнесуваше 63 милиони. Во сезоната 2021/22, Ди Марија учествуваше на 25 натпревари за ПСЖ, постигна три гола и пет асистенции. зс/

Остани поврзан