• четврток, 21 ноември 2024

Бени Шаќири нов директор на МКЦ

Бени Шаќири нов директор на МКЦ

Скопје, 22 јануари 2024 (МИА) - Музичарот Бени Шаќири е назначен за нов директор на Младинскиот културен центар (МКЦ), потврдија за МИА од МКЦ.

Од МКЦ за МИА велат дека Бени Шаќири е назначен за директор уште на 10 јануари.

-Градот го криел решението на Бени Шаќири. Тој дури сега доаѓа на работа, останатите двајца кандидати имаат осум дена рок на жалба, со ова им се ускратува правото на жалба, наведуваат од МКЦ.

Покрај Шаќири, кандидатури поднесоа и продуцентот и филмски работник Никола Мадиќ, сопруг на заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска-Мадиќ, и Владимир Стојчевски, дипломиран продуцент и професор, магистер по менаџмент на јавни установи.

Шаќири доаѓа на местото на Никола Алексов, дипломиран детектив, кој беше поставен на функцијата во јануари откако Арсовска го разреши Ванчо Богоев.бт/лв/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан