Бенитез повеќе не е тренер на Евертон
- Шпанскиот стручњак Рафаел Бенитез ја напушти функцијата тренер на Евертон, објавено е на клупскиот сајт.

Ливерпул, 16 јануари 2022 (МИА) - Шпанскиот стручњак Рафаел Бенитез ја напушти функцијата тренер на Евертон, објавено е на клупскиот сајт.
Шеесет и едногодишниот тренер ги предводеше „карамелите“ од летото 2021 година. Под негово водство Евертон освои седум победи во сите натпреварувања, претрпе 11 порази и четири пати ремизираше.
Ливерпул има само пет победи во тековната сезона во Премиер лигата и се наоѓа на 15. место на табелата со 19 бодови. зс/