• понеделник, 23 декември 2024

Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста

Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста
Скопје, 18 јули 2022 (МИА) – Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари за литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,82 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе изнесува 101 денар за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 103, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 100 денари за литар. Со одлуката на РКЕ малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за половина денар за литар и ќе чини 98,5 денари. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, пак, се намалува за 0,859 денари за килограм и ќе изнесува 50,044 денари. Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,61 отсто и кај дизелот за 1,943 отсто, а курсот на доларот во однос на денарот е повисок за 0,306 отсто. вј/аа/

Остани поврзан