• понеделник, 13 мај 2024

Бензема: Вие само ја запамтивте мојата споредба со Жиру, но тоа е вистината

Бензема: Вие само ја запамтивте мојата споредба со Жиру, но тоа е вистината
Мадрид, 30 март 2020 (МИА) - Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, уште еднаш ги искористи социјалните мрежи за да ги разјасни своите зборови до неговиот сонародник од Челси, Оливие Жиру, споредувајќи го со „картинг“, а себе си се нарече „Формула 1. Ова се случи за време на неговото видео во живо на Инстаграм, во кое одговараше на прашања на навивачите. - Само ја кажав вистината. Некои луѓе сепак не го запомнија тоа,кое го кажав за неговиот придонес за Франција. Тие запомнија сам дека јас сум Формула 1, а тој е картинг. Тоа е сепак висината, така мислам јас. Ако ме споредите со Роналдо, Бразилецот, тој е Формула 1, а јас картинг. Така е. Килијан Мбапе? Тој е млад и многу силен. Мбапе е играч кој многу го сакам. Тој е силен и има уште многу што да учи. Но, тој е многу, многу добар фудбалер, рече Бензема. Во меѓувреме, неговиот агент Карим Џазири го бранеше својот клиент споредувајќи го со sвездата на Милан, Златан Ибрахимовиќ. - Сите што се налутија на зборовите на Бензема во своето шоу во живо со 160.000 гледачи и вкупно над 1 милион такви, се истите кои потоа му се восхитуваат на Ибрахимовиќ кога ќе каже една од неговите фрази, твитна Џазири.

Тагови

Остани поврзан