• петок, 15 ноември 2024

Белорусија ги отфрла обвинувањата од Западот 

Белорусија ги отфрла обвинувањата од Западот 
Минск, 24 мај 2021 (МИА) - Инцидентот со авионот на Рајанер, што вчера принудно слета во Минск поради наводна закана од бомба треба да се гледа од безбедносен аспект, изјави денеска портпаролот на белоруското Министерство за надворешни работи, Анатолиј Глаз. Тој додаде дека нема сомнеж оти белоруските надлежни органи постапиле во согласност со утврдените меѓународни правила и вети транспарентна истрага. - Западот донесе избрзани заклучоци, што придонесува за ескалација на ситуацијата, политизирање на случајот и непотврдени обвиннувања. Не постои желба случајот објективно да се разбере и веднаш се изговорени пароли за санкции, посочи Глаз. Тој им се извини на патниците кои се соочиле со непријатбости, но потенцира дека правилата на воздухопловната безбедност се апсолутен приоритет. Претходно, белоруското Министерство за транспорт соопшти дека формира комисија која ќе го испита инцидентот. Белоруските власти соопштија дека е покрената истрага поради лажна дојава дека во авионот е поставен експлозив. Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко вчера нареди авион на Рајанер, што сообраќаше од Атина за Вилнус, да биде придружуван од воен авион. По слетувањето во Минск, беше уапсен опозицискиот новинар Роман Проташевич, што наиде на осуда од меѓународната заедница и се бара негово ослободување. Проташевич е еден од основачите на Телеграм каналот НЕКСТА, што беше еден од главните извори на вести за демонстрациите во Белорусија. Тој од белоруските власти е обвинет за организација на масовни нереди и е означен како терорист, поради што се соочува со долгогодишна казна затвор. Проташевич од 2019 година се наоѓа во егзил во Полска. Тој во Атина беше дел од делегацијата предводена од белоруската опозициска лидерка Светлана Тихановскаја, која неодамна присуствуваше на Делфи форумот. ми/

Остани поврзан