Белингем за неговото враќање на теренот по операцијата: Многу ми недостигаше фудбалот
- Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингем, е среќен за неговото враќање на теренот по операцијата.
Мадрид, 21 септември 2025 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингем, е среќен за неговото враќање на теренот по операцијата.
- Ми недостигаше фудбалот и сите вие. Навистина сум почестен од љубовта што ми ја покажавте на стадионот денес и поддршката од сите во текот на моето закрепнување, тоа ми значи многу. Сега да преминеме на големата слика. Здраво Мадрид! - напиша 22-годишниот Англичанец на социјалните мрежи.
Белингем одигра седум минута вчера, во натпреварот од 5. коло на Ла Лига против Еспањол (2:0).
Фудбалерот се врати на терените по операција на рамото. зс/
Фото: ЕПА