Белингам за Светското клупско првенство: Секој трофеј е важен, турнирот има голема вредност
- Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингам, изјави дека високо го цени трофејот од претстојното Светско клупско првенство. Шпанскиот гигант е меѓу учесниците на турнирот, кој се одржува ова лето во Соединетите Американски Држави
Мадрид, 4 јуни 2025 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингам, изјави дека високо го цени трофејот од претстојното Светско клупско првенство. Шпанскиот гигант е меѓу учесниците на турнирот, кој се одржува ова лето во Соединетите Американски Држави.
- Секој трофеј е важен. Се натпреварувате против други 31 најдобри тимови во светот кои стигнаа до тука благодарение на сопствените заслуги. Затоа, според мене, овој турнир има голема вредност. Сакам да можам да кажам дека го освоив, изјави англискиот репрезентативец.
Реал Мадрид е во групата Х на првенството, каде што ќе се соочат со Ал-Хилал од Саудиска Арабија, Пачука од Мексико и Салцбург од Австрија. дс
Фото: Архива