• понеделник, 12 август 2024

Се евакуираат жителите од Белгородската област поради украинските напади

Се евакуираат жителите од Белгородската област поради украинските напади

Москва, 12 август 2024 (МИА) – Жителите на Краснојаружкиот округ во руската област се евакуирани поради украинските напади, изјави утрово началникот на Белгородската област Вјачеслав Гладков.

- Имаме алармантно утро, непријателска активност на границата на областа Краснојаружкиот округ. За да го заштитиме животот и здравјето на нашето население, почнуваме да ги преместуваме луѓето кои живеат во областа на побезбедни места, истакна Гладков.

Тој додаде дека веќе е почната евакуацијата и оти во областа се испратени транспортни возила. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан