• петок, 10 мај 2024

Бела куќа: Длабоко жалиме за убиството на тројца заложници од страна на израелските сили

Бела куќа: Длабоко жалиме за убиството на тројца заложници од страна на израелските сили

Вашингтон, 15 декември 2023 (МИА) - Од Белата куќа денеска изразија длабоко жалање за ненамерното убиство на тројца заложници од армијата на Израел за време на упад во Газа. 

-Веста од Израел е срцепарателна и трагична, за убиството на овие заложници во Газа за време на упад на израелските сили. Треба да бидеме внимателни и да не избрзуваме со заклучоци како оваа трагдеија се случила, но тоа е нешто секој најмалку го посакува, изјави денеска Џон Кирби, портпарол на Националниот совет за безбедност на Белата куќа. 

 -Тагуваме со семејствата на убиените кои ја добиваат најлошата вест што едно семејсво може да ја добие, рече тој  

Според него, постконфликтна Газа не може да изгледа таква каква што беше на 6 октомври под контрола на Хамас. 

-Не знаеме каква ќе биде безбедноста на Газа после конфликтот, но е апсолутно сигурно, и тоа поелоквентно го кажа државниот секретар (Ентони) Блинкен, дека таа нема да изгледа таква каква што беше на 6 октомври под контрола на Хамас. И треба да биде порепрезентативно претставена од луѓето на Палестина, изјави тој. 

Рече дека САД и Израел работат со Палестинската автономија и дека за тоа се водат преговори со претседателот Махмуд Абас. кб/рп/

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан