• недела, 22 декември 2024

Бела куќа: Бајден не се лекува од Паркинсонова болест

Бела куќа: Бајден не се лекува од Паркинсонова болест

Вашингтон, 8 јули 2024 (МИА) – Американскиот претседател Џозеф Бајден не се лекува од Паркинсонова болест, соопшти денеска Белата куќа, откако се појавија информации дека лекар специјализиран за оваа болест осум пати ја посетил Белата куќа во текот на минатата година.

Загриженоста кај американската јавност дека претседателот можеби боледува од непозната болест се зголеми по дебатата на Бајден со републиканецот Доналд Трамп на 27 јуни.

Според „Њујорк тајмс“, записите од посетителите на Белата куќа покажале дека доктор Кевин Кенерд, невролог специјализиран за нарушувања на движењето, кој неодамна објави труд за Паркинсоновата болест, ја посетил Белата куќа осум пати помеѓу минатото лето и оваа пролет. јт/

Остани поврзан