• петок, 15 ноември 2024

Белата куѓа гo осуди ракeтниот напад на Русија во Краматорск

Белата куѓа гo осуди ракeтниот напад на Русија во Краматорск

Вашингтон, 28 јуни 2023 (МИА) - Ги осудуваме бруталните удари на Русија против народот во Украина што предизвикаа масовна смрт и разрушување и одзеде животи на многумина Украинаци, изјави синоќа Џон Кирби, портпарол на Националниот совет за безбедност при Белата куќа. 

-САД ќе продолжат со подршката за Украина и ќе обезбедат оружје и опрема за одбрана од руската агресија, изјави тој. 

Руските сили вчера извршија ракетен удар врз Краматорск, во Доњецката област, при што погодија популарен трговски центар и  ресторан.  

Во нападот загинаа најмалку осум лица, меѓу кои и три деца, 56 беа повредени, потврдија украинските власти. Ударот се случи во трговски центар со многу луѓе и пица ресторан посетуван од новинари, студенти и армиски персонал.

Краматорск се наоѓа на 30 километри од фронтот во источна Украина. кб/ 

Остани поврзан