• недела, 22 декември 2024

Бектеши: Тестенините ќе поевтинат за најмалку 10 проценти, одлуки и за маслото за јадење и за млечните производи

Бектеши: Тестенините ќе поевтинат за најмалку 10 проценти,  одлуки и за маслото за јадење и за млечните производи

Скопје 6 март 20223 (МИА) - Најверојатно до крајот на неделава ќе има одлука за  цените на тестинините, за макароните и шпагетите, со минимално намалување  од 10 проценти на постоечките цени, најави вечерва министерот за економија Крешник Бектеши. 

Тој во гостување на ТВ 24  рече дека е убеден оти намалувањето ќе биде уште поголемо, а најави дека ќе следуваат и одлуки за маслото за јадење и за млечните производи.

Иако се очекуваше Владата утре нема да носи нови одлуки за замрзнување на цените на други прехранбени проозводи, по одлуката што беше донесена за лебот, бидејќи, како што објасни министерот се прават обемни анализи. 

-Оние тестенини кои моментално се продаваат по 51 денар нема да бидат повеќе од 44 денари, а оние кои се по 60 денари нема да бидат  повеќе од 52 денара. Значи ќе има големо намалување во тој дел, рече Бектеши. 

До крајот на неделата,  најави, ќе се донесе дополнителна  одлука и за други производи, каде што влегуваат генерално млечните  производи.  На маслото  за јадење очекува во наредните 10 дена сите домашни производители да имаат цена под 100 денари.

-Оваа недела  зборуваме за  тестенините, при крај е анализата за млечните производи, а јас очекувам да се  следи  примерот од една компанија која денеска излезе со пониски цени од страна на другите производители на млечни производи. Ако во случај не се следи тогаш до крајот на неделава ќе има одлука за млечните производи, рече Бектеши, посочувајчи дејка е во контакт со производителите на масло за јадење кои најавиле дека во наредните 10 дена  цената ќе биде под 100 денари.

Бектеши воедно оцени дека е голем успех издадената еврообврзница и потенцираше дека „паѓаат во вода сите хистерии и драми во јавноста дека државата не си ја врши работата“.

-Ова е доказ дека владините институции се стабилни и оти се работи на подобрување на целокупната состојба во државата, рече Бектеши, посочувајќи дека трошоците на државата ќе бидат вкупно 6,3 проценти.

За нас, посочи Бектеши, е важно дека во рок од само еден месец имаше четири пати поголем интерес од инвеститорите.

Министерот Бектеши ги отфрли тврдењата на поранешниот министер за финансии Трајко Славевски  дека реконструкцијата на Владата државата ја чини 18 милиони евра штета поради некоординираноста на владините ресори за издавање на еврообврзницата.

-  Плативме превисока цена за некоординираноста на институциите. Во иднина некој ќе понесе одговорност за штетата, рече Славевски.лв/цр/

 

Остани поврзан