• недела, 22 декември 2024

Бектеши: Со четвртиот пакет мерки ќе им помогнеме на најранливите групи граѓани

Бектеши: Со четвртиот пакет мерки ќе им помогнеме на најранливите групи граѓани
Скопје, 5 октомври 2020 (МИА) - Со четвртиот пакет мерки ќе им се помогне на најранливте групи граѓани, на кои таа помош им е најпотребна. Не е точно дека со четвртиот пакет мерки сакаме да купиме социјален мир, порача вечерва министерот за економија Крешник Бектеши. -Кога ги носевме првите три пакета мерки обвинувањата беа дека тие мерки се усвојуваат за да се купат гласачи, што не е е вистина. Првиот столб од мерките беше за поттикнување на потрошувачката, што е пракса во многу земји во светот. Не е точно дека со мерките од четвртиот пакет сакаме да купиме социјален мир, рече Бектеши во дебатната емисија 24 Анализа на ТВ 24. На оние граѓани кои се погодени од кризата, додаде, и се во најранливите категории, кои не бевме во можност да им помогнеме финансиски со првите три пакета мерки, сега со четвртиот пакет мерки ќе им излеземе во пресрет. -Со мерките кои што ги донесовме зголемена е јавната потрошувачка, како што се и очекуваше, а тоа го покажуваат и податоците. Имаме намалување кај трговската размена и во извозот и увозот, но треба да имаме во предвид дека во вториот квартал имавме целосно затворање на земјата, а нашата економија зависи од земјите од ЕУ, посочи Бектеши. Тој потенцираше дека престојниот ребаланс е еден од најважните, бидејќи ќе биде гласан во Собранието од пратениците. -Овој ребаланс е кроен да им излезе во пресрет на граѓаните, на стопанството за нивната ликвидност, а истовремено навремено да бидат покриени сите трансфери, сите обврски кои што ги има државата како што се плати, пензии, социјални трансфери и да бидат исплатени навреме, дури и предвремено, рече министерот. вј/лв/

Остани поврзан