• петок, 22 ноември 2024

Бектеши - Памер: Има простор за зголемување на економската соработка меѓу Северна Македонија и Австрија

Бектеши - Памер: Има простор за зголемување на економската соработка меѓу Северна Македонија и Австрија

Скопје, 8 ноември 2023 (МИА) -  Досегашната успешна соработка меѓу Северна Македонија и Австрија и поддршката што ја добиваме за европската перспектива биле потврдени на денешната средба на министерот за економија Крешник Бектеши со новоименуваниот амбасадор на Австрија во земјава, Мартин Памер.

Министерот Бектеши, како што соопшти Министерството за економија, му посакал успешен мандат на амбасадорот Памер и успех во продолжувањето и унапредувањето на соработката меѓу двете земји.

- Во последните 20 години, Австрија има инвестирано над 830 милиони евра во Северна Македонија. Австрија е наш долгогодишен и докажан партнер во економската соработка, односно 20 место според обем на трговска размена, информираат од Министерството за економија.

Вкупната трговска размена во периодот јануари – август годинава изнесува 170 милиони евра , што претставува раст од 14,3 проценти во однос на истиот период минатата година.

Министерот Бектеши и амбасадорот Памер се согласиле дека има голем простор за зајакнување на економската соработка. дма/бак/

Фото: Министерство за економија

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан