• сабота, 23 ноември 2024

Бектеши во Стопанската комора ќе го презентира новиот закон за забрана на нефер трговски практики

Бектеши во Стопанската комора ќе го презентира новиот закон за забрана на нефер трговски практики

Скопје, 12 октомври 2023 (МИА) - Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе одржи работен состанок со Стопанската комора на Северна Македонија, на кој ќе го презентира новиот закон за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи.

Министерството за економија најави изјави за медиумите по состанокот што ќе се одржи во Стопанската комора. ев/лв/

Фото: МИА

 

Остани поврзан