• петок, 22 ноември 2024

Бектеши: Владата не е вклучена во преговорите на жителите на Слупчане и ЕВН, немаме информации што е договорено

Бектеши: Владата не е вклучена во преговорите на жителите на Слупчане и ЕВН, немаме информации што е договорено

Скопје, 4 август 2023 (МИА) - Министерот за економија Крешник Бектеши попладнево ги демантираше обвинувањата од опозицијата дека претставници на Владата биле вклучени во преговорите меѓу жителите на Слупчане и „ЕВН“.

- Најверојатно некои опозициски партии кои пренесуваат лажни вести кон граѓаните и кои прават споредби со одредени села и региони во државата, отвараат теми за кои тие треба да дадат одговори, а уште нема одговори од општините раководени од нивни кадри во делот на злоупотреба на Законот за енергетика, изјави Бектеши.

Додаде дека Владата се залага за тоа да се намалат загубите на електричната енергија и за тоа сите обврски да бидат подмирени од страна на сите граѓани за услугите што ги добиваат.

- Конкретни информации за тоа што е договорено меѓу жителите на Слупчане и ЕВН, како Министерство немаме. Но, би ги замолил политичките партии и медиумите да не даваме лажни информации дека одредени места крадат или злоупотребуваат електрична енергија, туку да ја нагласaт потребата за намалување на загубите на електрична енергија бидејќи тоа е во интерес на државата, рече Бектеши.

Претходно, на прес-конференција ВМРО-ДПМНЕ ја повика Владата и министерот за економија да одговорат што е договорено на средбата во Слупчане и дали Владата е гарант за жителите од ова село. свс/бак/

Фото: МИА архива

 

 

 

 

Остани поврзан