• петок, 22 ноември 2024

Бекер се повлекува од Тенискиот сојуз на Германија

Бекер се повлекува од Тенискиот сојуз на Германија
Берлин, 25 ноември 2020 (МИА) - Поранешниот германски тенисер и трикратен победник на Вимблдон, Борис Бекер, денеска соопшти дека се повлекува од Тенискиот сојуз на Германија. - Работата во Алијансата ми донесе огромно задоволство во текот на изминатите три и пол години. За жал, во моментов немам време да продолжам да ја работам оваа комплексна работа, нагласи Бекер. Изјавата е објавена на веб-страницата на Алијансата. Бекер ја надгледуваше работата на младите тенисери и целата работа на репрезентацијата на Дејвис купот. Тој ќе ја напушти функцијата на крајот на годината, а неговите должности ќе ги преземе селекторот на репрезентацијата на Дејвис купот, Мајкл Колман.

Остани поврзан