• вторник, 25 јуни 2024

Без струја утре жителите на Студеничани и Карпош

Без струја утре жителите на Студеничани и Карпош
Скопје, 4 август 2021 (МИА) - Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Студеничани и Карпош, соопштуваат од РЦУК - Скопје. Во периодот од 9:00 до 12:00 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од селата Вртекица, Рамни Габер, Пагаруша, Долно и Горно Количани, општина Студеничани. Во периодот од 9:00 до 13:00 часот без струја ќе останат корисниците од булеварот „Партизански Одреди“ и улиците „Софиска“ и „Петар Драганов“, општина Карпош.фф/дма/

Остани поврзан