Без струја утре дел од корисниците во село Бардовци и ул. „Дрезденска“ во Карпош
- Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија утре (30 април) од 9 до 12 часот ќе останат дел од корисниците во село Бардовци во општина Карпош.

Скопје, 29 април 2024 (МИА) - Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија утре (30 април) од 9 до 12 часот ќе останат дел од корисниците во село Бардовци во општина Карпош.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи-Град Скопје по известување добиено од ЕВН Македонија АД, од 9.30 до 14 часот утре струја ќе немаат и корисниците од ул. „Дрезденска“ во Карпош, исто така поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа. хс/
Фото: МИА архива