Без струја дел од општините Гази Баба, Ѓорче Петров, Сарај и Кисела Вода
- ЕВН известува дека денеска, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат дел од општините Гази Баба, Ѓорче Петров, Сарај и Кисела Вода.

Скопје, 10 октомври 2023 (МИА) – ЕВН известува дека денеска, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат дел од општините Гази Баба, Ѓорче Петров, Сарај и Кисела Вода.
Од 08:00 до 15:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улиците „Добре Иванов“ и „2“, во населба Инџиково, во Општина Гази Баба.
Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од селата: Долно и Горно Свиларе, Грачани, Кучково, дел од Волково, Рашче, Копаница, Бојане, Радуша, Дворце, Орашје и Кондово, во општините Сарај и Ѓорче Петров.
Од 09:00 до 14:30 часот, корисниците од поголемиот дел од населба Пинтија во Општина Кисела Вода. ир/aa/
Фото: МИА архива