• сабота, 20 јули 2024

Без струја дел од корисниците во општините Аеродром, Карпош и Сарај

Без струја дел од корисниците во општините Аеродром, Карпош и Сарај

Скопје, 6 февруари 2024 (МИА) - Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Аеродром, Карпош и Сарај. 

Без струја во периодот од 09.00 до 12.00 часот, ќе бидат корисниците од дел од село Долно Лисиче, улица „10“ и улица „12“, во општина Аеродром.

Во периодот од 09.00 до 10.30 часот, без струја ќе бидат корисниците од Средно Нерези, Горно Нерези, „Етно Село“, Горни Крушопек, во општина Карпош и Сарај. цр/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан