• вторник, 25 јуни 2024

Без струја делови од Сопиште, Бутел, Аеродром и Гази Баба

Без струја делови од Сопиште, Бутел, Аеродром и Гази Баба
Скопје, 15 јануари 2020 (МИА) - ЕВН информира дека денеска, заради  технички зафати во дистрибутивната електро - мрежа, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од  с. Нова Брезница, општина Сопиште и тоа од 08:30 до 15:30 часот, потоа од 09:00 до 12:00 часот дел од жителите од населбата Кучевишка Бара во општина Бутел, како и дел од корисниците на ул. Мите Богоевски, поточно подулиците со бр. 1, 2, 3, 4, 5 и 6 во Аеродром. Без струја денеска ќе бидат и корисниците од објектите во околината на фирмата Водостопанство – Вардар во нас. Јурумлери, општина Гази Баба, од 10:00 до 12:00 часот. ир/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан