• понеделник, 23 декември 2024

Без поголеми инциденти заврши прошетката „Еуропрајд“ во Белград

Без поголеми инциденти заврши прошетката „Еуропрајд“ во Белград
Белград, 17 септември 2022 (МИА) - Прошетката на припадниците и симпатизерите на ЛГБТИ популацијата во рамки на „Еуропрајд“, што почна пред зградата на Уставниот суд во центарот на Белград, заврши околу 18 часот во близина на стадионот Ташмајдан, без поголеми инциденти. Откако беше забрането поворката да се движи од Собранието до Калемегдан, маршот се одвиваше од Уставниот суд до Ташмајдан. Програмата „Еуропрајд“ продолжува на стадионот Ташмајдан, каде се најавени концерти на Сенида, Сара Јо и други. ми/

Остани поврзан