• четврток, 04 декември 2025

Без победник на тестот на македонската репрезентација против Летонија

Без победник на тестот на македонската репрезентација против Летонија

Скопје, 13 ноември 2025 (МИА) – Без победник и без постигнат гол (0:0) заврши вечерашниот контролен натпревар на македонската фудбалска репрезентација со Летонија.

На средбата одиграна на Национална арена „Тодор Проески“ пред околу 3.500 гледачи, двете репрезентации имаа свои моменти, но не ги искористија шансите.

„Црвено-жолтите“ следниот натпревар ќе го имаат во Кардиф против Велс во квалификациите за Светското првенство 2026. Оваа средба е закажана за 18 ноември. зс/

Фото: ФФМ

Остани поврзан