• понеделник, 13 мај 2024

Без победник на дербито Ливерпул - Манчестер јунајтед

Без победник на дербито Ливерпул - Манчестер јунајтед

Ливерпул, 17 декември 2023 (МИА) - Ливерпул на домашен терен вечерва ремизираше со Манчестер јунајтед во дерби натпреварот од 17. коло на Премиер лигата 0:0.

Гостите на крајот останаа со фудбалер помалку, откако Диого Далот за една минута доби два жолти картони.

Екипата на Ливерпул е на второто место во поредокот со 38 бодови, Манчестер јунајтед (28 бода) се искачи на седмото место во поредокот.

Во следното коло Ливерпул му гостува на Арсенал, а Манчестер јунајтед на гостински терен ќе игра со Вест Хем. Двата натпревари ќе се одиграат на 23 декември. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан