Без победник на дербито во „Градски парк“
- Градското дерби меѓу Работнички и Вардар одиграно попладнево во Скопје заврши нерешено 1:1.

Скопје, 29 август 2020 (МИА) – Градското дерби меѓу Работнички и Вардар одиграно попладнево во Скопје заврши нерешено 1:1.
Пред овој натпревар на Вардар му беше врачен шампионскиот пехар за сезоната 2019/20 која беше прекината поради пандемијата на коронавирус.
На другите два денешни натпревара од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига:
Академија Пандев – Струга Трим Лим 1:0
Македонија ЃП – Беласица 2:1.
Утре играат Шкупи и Пелистер, додека в понеделник се среќаваат Шкендија – Борец и Силекс – Ренова.
Табела: Силекс 7 бода, Шкупи 7, Шкендија 7, Македонија ЃП 6, Ренова 5, Работнички 5, Пелистер 5, Борец 4, Струга 4, Вардар 4, Академија Пандев 3, Беласица 0. зс/