• петок, 06 март 2026

Без изненадување во четвртфиналето на македонскиот одбојкарки Куп

Без изненадување во четвртфиналето на македонскиот одбојкарки Куп


Скопје, 6 март 2026 (МИА) – Втора година по ред финалниот турнир од Купот на Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ) 2026 во машка конкуренција ќе има исти учесници.
Бранителот на титулата „Штип Угд“ обезбеди место на Ф4 со победа синоќа во четвртфиналето над одбојкарите на Лирија со 3:0 (25:13, 25:10, 25:9), додека Работнички71&22, пак, славеше над Универзитет Тетово, исто така, во три сета (25:21, 25:22, 25:23) во последниот натпревар од четвртфиналната фаза.
Штип УГД и Работнички 71&22 се приклучија на Струмица и велешки Борец кои ден претходно го потврдија својот пласман на финалниот турнир.
Полуфиналните двојки ќе бидат одредени со жрепка.ег
ФОТО: ОФМ

Остани поврзан