Без вода ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје и објекти во непосредна близина
- Поради уличен дефект на бул. „Илинден“ бб прекинато водоснабдување изутрина од 09:30 часот ќе имаат ЈП „Паркови и зеленило“- Скопје и неколку објекти во непосредна близина, најави ЈП „Водовод и канализација“ Скопје. Прекинато водоснабдување од 09.30 часот ќе имаат и корисници на дел од ул. „Атинска“, исто така поради санација на дефект.

Скопје, 18 јануари 2024 (МИА) - Поради уличен дефект на бул. „Илинден“ бб прекинато водоснабдување изутрина од 09:30 часот ќе имаат ЈП „Паркови и зеленило“- Скопје и неколку објекти во непосредна близина, најави ЈП „Водовод и канализација“ Скопје.
Прекинато водоснабдување од 09.30 часот ќе имаат и корисници на дел од ул. „Атинска“, исто така поради санација на дефект.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санацијата.