• четврток, 26 септември 2024

Без вода утре корисници од улиците „Миле Попјорданов“, „Струшка“ и „Јуриј Гагарин“

Без вода утре корисници од улиците „Миле Попјорданов“, „Струшка“ и „Јуриј Гагарин“

Скопје, 5 март 2024 (МИА) - Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека утре поради дефект на огрлица на улицата „Миле Попјорданов“ број 2, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од девет часот до завршување со работните активности.

Поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа, на улицата „Струшка“ број 7, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на улица „Струшка“ и дел од улицата „Јуриј Гагарин“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување со работните активности. бд/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан